Сеќавање: 10 години без доајенката на НУ Турски Театар Сузан Максут


Сузан Максут е родена во Скопје на 28 октомври 1939 година. Таа беше македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, доајенка на НУ Турски театар.

Од 1962 година станала член на ансамблот на драмата на Турски театар – Скопје каде што одиграла голем број улоги сè до пензионирањето во 2001 година. Добитник е на наградите Глумец на годината на весникот „Бирлик“ во 1969 година и Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 1974 година.


Учествувала во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти;

  • „Волшебното самарче“ (1975);
  • „Најдолгиот пат“ (1976);
  • „Исправи се, Делфина“ (1977);
  • „Време, води“ (1980);
  • “Солунски патрдии“ (1986);
  • „Народни трибуни“ (1987);
  • „Македонска сага“ (1993);
  • „Во светот на бајките“ (1995);
  • „Џипси меџик“ (1997);
  • „Збогум Румелија“ (2007);
  • „Последно лето на Балканот“ (2012).

Починала по кратко боледување во Скопје на 23 април 2015 година.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …