Продолжува циклусот „Клинци“ во организација на „Култура Бета“ и Europe House Скопје. „Клинци“ е циклус од мултимедијални настани во чии рамки се претствуваат млади книжевници и визуелни уметници. На секое издание може да чуете поезија и проза од четворица млади автори, како и да погледнете изложба од млад уметник.
Седмото издание ќе се одржи вечерва, во Europe House во Скопје, со почеток во 20 часот.
Овојпат на „Клинци“ ќе читаат:
Павлина Атанасова
Нино Наумовски
Милена Неделковска
Андреј Анѓеловиќ
Своја изложба ќе има уметницата Евгенија Трајковска.
Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.