Сеавус ја спроведува уникатната талент програма за вработување и кариерен развој

ITOSE Talent program е уникатна програма за вработување и кариерен развој што софтверската компанијаСеавус ја спроведува по шести пат. Преку посетување на наменски креираната талент програма, апликантите се обучуваат да почнат кариера како инженери за ИТ-операции и поддршка. Стекнатото знаење во овој сектор им овозможува долготраен кариерен раст и простор за дополнително развивање на експертско ниво.

“Станува збор за навистина уникатна програма дизајнирана на начин ефективно да се развијат вештините и преку интерактивен пристап да ја поттикне креативноста на апликантите, во самостојно одржување на ИТ системите. Учесниците за многу краток период развиваат знаење и вештини на ниво потребно за самостојно да решаваат проблеми од најразлични технологии и да ги мониторираат системите. Во овој ефект на програмата нè увери и досегашното искуство што го имаме со учесници кои по комплетирање на програмата,својата кариера и развоен пат го продолжиле во нашата компанија”, вели Глигор Добривојевски, Менаџер на технолошката линија за Managed Services од Сеавус.


Програмата ги воведува учесниците во оперативните процеси и во областите основи на ИТ-операции и поддршка според ITIL-стандардизација, основи на оперативните системи Linux и Windows, вовед во Cloud computing, администрирање и одржување на MS SQL или Oracle-серверите,Shell и Powershell-скриптирање и вовед во ИТ-безбедност.Во едукативниот процес, учесниците се водени од ИТ експертите на Сеавус.

Истата се спроведува во период од5 недели, со осумчасовни предавања што вклучуваат интерактивна и практична настава. Со комплетирање на талент-програмата, апликантите што се истакнале со успехот и се докажале со вештините, ќе имаат можност да станат дел од тимот на Сеавус.


Пријавувањето за програмата е во тек и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк каде се достапни и повеќе информации.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вештачка интелигенција кај апаратите за домаќинството за паметен, поврзан и одржлив дом

Повеќе не станува збор дали вашите домашни апарати за перење, чистење или пак кујнските уреди …