СЕ УШТЕ ИМА НАДЕЖ – Чудо во Турција: Спасувачките екипи спасиле дете и двајца возрасни од урнатините 296 часа по земјотресот!


На снимката се гледа како спасувачите носат маж и жена на носилки кон амбулантно возило, а покрај нив се гледаат болничари
Спасувачките тимови во Турција спасија три лица, меѓу кои и едно дете, од урнатините на срамнета станбена зграда, каде што поминале 296 часа од минатонеделниот земјотрес, објави турската јавна телевизија ТРТ.
На снимката се гледа како спасувачките тимови носат маж и жена на носилки кон амбулантно возило, а се гледаат болничари како се грижат за детето до нив.
Подоцнежните информации за преживеаните не се објавени, а извештаите на државните медиуми за спасувањето во провинцијата Хатај не може да бидат независно проверени.
Возилата на итната помош биле подготвени за евентуални други спасувања од истата зграда, објави ТРТ.


Повеќе од 40.000 луѓе од Турција и од светот ги продолжуваат своите спасувачки операции низ југоисточна Турција, објави во петокот Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби АФАД.
Вкупниот број на загинати во Турција од земјотресот на 6 февруари доцна во петокот се искачи на 39.672.
Неколку илјади луѓе загинаа и во соседна Сирија

Фото: Принтскрин/Twitter/TRT

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …