СЕ ШИРАТ РАЗНИ ТЕОРИИ – Кој е виновен и дали имало некаква намера? Инспекторите се сомневаат дека инцидентот на филмскиот сет не е случаен!

Полицијата во Санта Фе бара оние кои имаат можни корисни информации да ги контактираат. Тие не ја исклучиле можноста за намерно и планско режирање на смртта на снимателката и режисерот, кој е повреден, но се опоравува.
Случајот со убиството и ранувањето на снимањето на филмот „Rust“ се уште е мистерија. Алек Болдвин (63) ги застрелал снимателката и режисерот со филмски пиштол, што на крајот довело до нејзината смрт.
Инспекторите не ја исклучиле можноста несреќата да не била случајна, пишува New York Post.

Имено, се уште никој не е уапсен или обвинет, сепак се зема предвид дека е можно некој сето тоа внимателно да го испланирал.


View this post on Instagram


A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)


– Многу работи кружат на интернет, па ако луѓето имаат и информации, дефинитивно треба да не контактираат – изјавил Хуан Риос, одговорниот за односи со јавноста во полицијата во Санта Фе.
„Ќе ги провериме сите вредни информации“, додал тој.

Иан А. Хадсон, актерот во филмот „Rust“ рекол дека снимањето било „опасно по живот“. Тој бил преплашен за време на снимањето на сцена во која други го убиваат неговиот лик одметник користејќи 20. пиштоли и две пушки – се по ред вистинско оружје.
– Сите во снимателската екипа беа заштитени со штитови, како и камерата. Само објективот на камерата се пробиваше низ заштитата – изјавил Хадсон, напоменувајќи дека се гледало само леќата како ја пробива заштитата.

Фото: Принтскрин/монтажа/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 11 години без нашиот легендарен флејтист Никола Атанасов

Никола Атанасов е роден во Просечен, Драмско, Егејска Македонија во 1939 година. Тој беше македонски …