Се полнат чашите за најголемата здравица во Градскиот Парк заедно со Скопско и многу македонски артисти

Секој од нас има барем една незаборавна здравица и радост во животот поврзана токму со Скопско, на која со задоволство се сеќава.

Затоа Скопско, омиленото пиво на овие простори, во година кога слави јубилеј 100 години, сака повторно да не изненади и израдува со организација на најголемата здравица и забава досега направена во земјава. За да се потсетиме на убавите моменти, со желби за уште повеќе среќа и радост, и да ја прославиме големата „стотка“ на Скопско.


Забава која ќе биде придружена од некои од најголемите музички имиња во земјата и која ја слави домашната култура, и традиција. Скопско ги повикува сите љубители на пивото, на добрата забава, и сите оние кои скаат да се дружат и забавуваат во еден  разигран ритам да дојдат во Градскиот парк на 21 септември и сите заедно да ги подигнеме чашите за најголемата здравица досега!

Најголемата журка досега ќе се одржи во Градскиот Парк со многу домашни артисти  Влатко Стефановски Трио, Каролина, Кирил Џајковски, Нокаут, Ареа, Фолтин, Страјк и Диџеј Гоце, и Битолски камерен оркестар со единствена прилика ова да стане уште еден момент што ќе биде запаметен и прераскажуван уште многу години. Да наздравиме и да си посакаме многу здравје, среќа и уште 100 години Скопско да биде дел од нашите приказни.


Забавата ќе биде лоцирана на самиот почеток на Градскиот парк, со сцена поставена на делот покрај езерцето наречен „Вембли“, каде што присутните ќе можат да видат и слушнат бројни музички перформанси, а просторот за забава ќе се протега се’ до просторот пред фонтаната во паркот, за да има место да не’ собере сите.

Запомнете го датумот и на еден ден заборавете на обврските, а размислувајте на убави работи и на најголемата роденденска забава досега. На 21 септември, се гледаме во Градскиот парк на големата прослава по повод 100 години Скопско. На здравје!


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …