Мајката на жртвата Анѓела со јавноста ги споделила шокантните детали пред и по падот на настрешницата во Нови Сад.
„Преживеав, стигнав во Нови Сад“, е пораката што ми ја испрати Ангела кога со воз од Стара Пазова пристигна во Нови Сад. Подоцна ми се јави и разговаравме, но на сред разговор таа стана недостапна, во тој момент падна настрешницата…“
Со грутка во грлото Зорица Руман, мајката на Анѓела Руман (20) од Стара Пазова, која загина на 1 ноември при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, ја започнала својата исповед за „Курир“. Анѓела во петокот, неколку минути пред пладне, на таа станица чекала автобус со нејзиното момче Милош Милосављевиќ (21) од Кничанин, кој исто така починал.
Се плашеше да оди сама
„Ја разбудив утрото за да не доцни на воз, бидејќи претходно се договорила со Милош да се најдат во Нови Сад, па да одат во неговото село и да го прослават неговиот роденден. Анѓела беше срамежлива, некако плашлива. Никогаш порано не патуваше сама, па ми рече: ‘Се плашам да одам сама, што ако некој ме малтретира во возот?!’“ – вели Зорица и продолжува со сеќавањето на денот кога го изгубила детето:
„Ја убедив дека нема од што да се плаши и дека можеме да разговараме на телефон цело време додека патува. Таа отиде до станицата, ме искара дека дошла рано и мора да го чека возот.
Неутешната Зорица вели дека се допишувале за време на возењето на Ангела.
„Таа дојде во Нови Сад, ми напиша дека е жива и дека преживеала. Јас и одговорив: ‘Секако дека си, нема од што да се плашиш’. Потоа ги повика татко и и сестра и, па ми се јави и мене. Ми кажа дека Милош, нејзиниот дечко, сè уште не дошол, а јас се пошегував: ‘Напиши му дека ако не дојде за една минута, ќе се вратиш дома’. Таа се насмеа. Продолживме да разговараме и таа стана недостапна. Помислив дека е со Милош“, вели мајката.
Веста за падот на настрешницата на Железничката станица ја видела на социјалните мрежи и веднаш повторно и се јавила на Анѓела.
„Не се јавуваше. Мислев дека не го слуша телефонот, но имав лошо претчувство. Сестрата на нејзиното момче се јави околу 13:00 часот да и го дадеме бројот на Анѓела, бидејќи Милош не му одговарал на семејството. Оттогаш почна нашата агонија“, вели Зорица.
„Околу 17 часот ги видовме иницијалите на жртвите, се’ се поклопи, но не сакав да верувам дека се тие… Во исто време почувствував немир во телото“, се сеќава таа и додава дека полицаецот потоа изјавил сочувство. Таа додава дека нејзиниот сопруг се онесвестил кога слушнал дека ја изгубиле ќерката.
Гледате и не верувате
Семејството Руман во саботата било во Институтот за судска медицина за да го идентификува телото.
„Ја видов. Чувството е како да… Гледате во нешто и не верувате во тоа што го гледате. Сакав да го видам и Милош. Според повредите што ги имаа, изгледа дека Милош ја заштитил Анѓела. Веруваме дека тој се фрлил на неа да ја заштити“, вели Зорица.
Имале планови
Зорица Руман вели дека нејзината Ангела била исто како името што и го дале пред 20 години.
„Таа ни беше поддршка. Нè врза некако. Голем емотивец. Се трудеше да им угоди на сите, да помогне и секогаш се ставаше на последно место. Секогаш сакаше да ги израдува сите”, вели Зорица и додава дека неодамна прославила годишнина од врската со настраданиот Милош.
„На 13 октомври имаа една годишнина на врската. Прекрасно се сложуваа и имаа планови за иднина. Милош во организација со нас сакаше да ја запроси на свадбата на нејзината сестра, која беше закажана за следното лето”, вели мајката.
Да потсетиме, на 1 ноември околу пладне при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.
Фото: Приватна архива/mondo.rs