Се најавува страшно невреме, со пороен дожд, засилен ветер и град!

Нестабилност во планинските подрачја проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на град најавуваат метеоролозите од утре во наредните три дена.
Поизразена нестабилност според најавите од УХМР ќе има особено во петок кон крајот на денот и во сабота. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура во наредните денови ќе достигне и’ до 36 степени. Утре ќе се движи од 22. до 33., во петок од 29. до 35., во сабота од 25. до 33., недела од 26. до 32., понеделник од 27. до 34. и во вторник од 29. до 36. степени.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 10. до 20. степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Сведоштвo за трагедијата во Кочани: Сестра ми е изгубена, не можеме да ја најдеме во никоја болница

Марија Тасева, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, …