Сатја Грабулоски направи јакна со ликот на Брајан Адамс – Канадскиот музичар ја доби по концертот во Скопје


Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски, кој е познат по изработката на уникатни и оригинални патики за светски спортски и музички имиња, ја однесе својата работа скалико погоре.

Тој и неговиот тим составија и исцртаа веганска јакна со ликот на Брајан Адамс, која канадскиот музичар ја доби по концертот во Скопје во неделата.


На јакната, тимот на SWithaDot работеше околу 180 часа. Освен ликот на славниот пејач, на самата јакна е испишан и насловот на неговиот најнов сингл Roll Up the Punches.

Грабулоски, кој низ годините правеше чевли и патики за многу славни музичари, вклучувајќи ги Дуа Липа, Стив Аоки, Мајли Сајрус и многу други, вели:


„Јакната е рачно составена од потврдени вегански материјали, бидејќи Брајан Адамс е веган. Целиот процес на составување, а потоа и на сликање, траеше приближно 180 часа рачна работа на целиот наш тим.


Темата на дизајнот е неговиот последен сингл Roll Up the Punches, а идејата да направиме јакна за Адамс, наместо патики, потекна од мојата мајка, која ја обожава неговата музика.

Инаку, SWithaDot веќе 6 години за секој истакнат уметник кој ќе ја посети Македонија подготвува Welcome to Macedonia рачно naсликан подарок, со идеја да му покажеме дека земјата во која доаѓа го цени, но и да го рашириме талентот на нашите македонски уметници низ светот.

Таков беше и случајот со Брајан, чија реакција беше искрена, со огромна насмевка и едно долго WOOOOW. Очекуваме да ја носи на некој од неговите следни настапи“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …