Сашко Костов номиниран за најдобра театарска музика на овогодишното доделување на најпрестижните театарски награди во Бугарија – „ASKEER Awards 2025“


Честитки за нашиот Сашко Костов за номинацијата за најдобра театарска музика на овогодишното доделување на најпрестижните театарски награди во Бугарија — „ASKEER Awards 2025“!

Тој е номиниран заедно со својот колега од Драматичен театър-Пловдив, Јавор Карагитлиев, за музиката во претставата „БЕЗ КРВ“, копродукциски проект на Театарот Јордан Хаџи Константинов-Џинот од Велес и Драмскиот театар од Пловдив.


Претставата „Без крв“ има вкупно 5 номинации: за најдобра сценографија (Валентин Светозарев), најдобра костимографија (Раде Вссилев и Елена Вангеловска), најдобра претстава, најдобра режија (Диана Добрева) и најдобра музика.

Им посакуваме многу успех на сите номинирани!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …