Сашко Богески го убил крадецот што провалил во неговиот стан: На судот и’ снимката од неговата жена која ја моли полицијата за помош

Сашко Богески кој во мај 2013. година во својот стан во Белград го уби провалникот Владимир Маниќ, вчера пред Вишиот суд во Белград останал при својата одбрана дека таа ноќ само се обидел да го заштити своето семејство и себе.
Да потсетиме, во завршната фаза од судењето, покрај изнесувањето на завршните зборови пред донесувањето на пресудата, обвинителството одлучило Богески повеќе да не го товари за убиство, туку за пречекорување на нужната одбрана.
„Останувам при одбраната која претходно ја изнесов“, рекол вчера Богески. На почетокот на судењето тој детално опишал како таа вечер седел во дневната соба кога исплашената сопруга му пришла и му рекла дека во станот имаат провалник.
„Се преплашив. Отидов до кујната, зедов нож да го заштитам семејството и себе. Додека се движев низ станот, наеднаш лицето ми го осветли светло од телефон или батериска лампа. Видов како кон мојата глава оди нешто остро. Тогаш почнав да замавнувам со ножот“, раскажал Богески како дошло до тоа човекот кој му влегол во станот да го убие со кујнски нож.
На судот како последен доказ се изведени две аудио снимки од повикот на неговата сопруга Ира, упатени до полицијата. На првиот се слуша како и објаснува на полицијата дека има провалник во станот и итно да испратат патрола, додека во другиот разговор моли за помош.
„Ве молам, некој ни провалува во станот, ве повикав веќе. Дали испративте некој, Треба ли да не убијат сите?“, се слушал гласот на жената.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …