Самостојна изложба „ВРАМЕНА РАЗЛИЧНОСТ“ од Мартин Џепароски во Порта Македонија

Во понеделник 3 април во 19 часот во Порта Македонија ќе биде отворена изложбата „Врамена различност“ на Мартин Џепароски.
Мартин Џепароски е роден 26.10. 1991 година во Скопје.
Во 2010 година, завршил средно училиште “Лазар Личеноски” во Скопје отсек вајарство.
Дипломирал на вајарство и сценографија на ФЛУ во 2015 година во класата на проф. Ибрахим Беди.

This image has an empty alt attribute; its file name is izlozba-na-maertin-dzaferovski.jpg


Изложбата ги претставува истражувањата на авторот за различностите, но и за сличностите меѓу луѓето и животните. За добрината на св. Мартин кој својот плашт го подарува на сиромашниот и скудно облечениот, но и за трансформациите на самиот современ човек кој визуелно и суштински се видоизменува. Затоа светот на човекот и светот на животните во визуелните претстави е толку различен: од реално до иреално, од генетски немодифицирано до генетски модифицирано, од здраво до нездраво и до мутирано.
Авторот ослободен од правилата, но со голем силен и експлозивен набој на емоции верува дека на платната може да талка кон она што сака да го претстави а во основа е непретставливо. Сето ова на тој начин станува само еден дел од светот на неговите врамени различности.
Проектот е поддржан од македонското министерство за култура, Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје и Порта Македонија – Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МКЦ ќе се одржи осмото издание на фестивалот „Востание“

Денес, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 18:30 часот, по осми пат …