Самостојна изложба на познатиот македонски ликовен уметник Трајче Чатмов

Во петок, на 18 октомври 2024, од 20:00 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена самостојна изложба на познатиот македонски ликовен уметн Трајче Чатмов.

Трајче Чатмов е роден 1971 та година во Скопје. Средно насочено образование (биотехнологија со генетика) завршува во гимназијата Кочо Рацин-велес. академската наобразба ја започнува во 1992 година со запишување на Факултетот за ликовни уметности во класата на професот Ана Темкова, каде во академската година 1992/93 година предметни наставници му се по вајарство-професор Васил Василев, како и по графика-професор Костадин Танчев Динката. Во втората година од студиите класата на професор Темкова ја превзема професор Корубин Рубенс а пак третата студиска година класата е водена од професор Душан Перчинков, за да повторно во четврта студиска година, класата ја презема професот Рубенс Корубин , под чие менторство Чатмов и дипломира. Својата академска наобразба Чатмов ја продолжува повторно во областа на уметноста, но овој пат проширена во делот на филозофијата и своите постдипломски студии ги завршува под менторство на професор Родољуб Анастасов – сликарство и филозофија (естетика) под менторство на професор Кирил Темков. По завршувањето на студиите во 1996 се вработува како наставник по лик. образование во оУ ј.Х.К. Џинот во Велес, од каде во 1999-2000 се вработува во Министерството за одбрана поточно во Домот на АРМ-Скопје најпрво како советник за културни активности , а подоцна и како раководител на тој објект.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Претставата „Диши“ во вторник во Драмскиот Театар во Скопје

Во вторник, 21 јануари 2025 година, со почеток од 20:00 часот во Драмскиот тетар ќе …