Самостојна изложба на Елена Поповска “Срцето на воинот”


Од минатата недела во Мала на Илинденска 65 можете да ја посетите самостојната изложба на Елена Поповска “Срцето на воинот”.
Изложбата е отворена за сите љубители на уметноста до крајот на декември.
Во креативниот простор на МАЛА развиваме нови соработки, настани од областа на дизајнот. Перформанси, инсталации, уметност и други креативни активности кои поттикнуваат заинтересираност кај посетителите.
Елена Поповска е родена во Скопје и е самоук сликар , а по професија дипломиран забен техничар. Својата креативна наклонетост и талент за сликање ја негува од детството. Последните 8 год. интензивно се занимава со сликарство.

Динамичниот технички пристап и интензивниот колорит на сликите се насликани во акрилна техника. Меѓусебно се надополнуваат во една впечатлива моќна наративна целина која раскажува за предизвиците и вредностите на современата
средина во која живееме. Во концептот застапено е прикажувањето на човечки ликови кои претставуваат рефлексија на сегменти од лични доживувања и искуства на авторот. Формата ја следи емоцијата.
Учествувала на саемот за современа уметност In Situ во 2018 год. во МКЦ, првата самостојна изложба ја реализира во 2019 год. Која беше изложена на повеќе локации во Скопје. Во октомври 2020 год. ја реализира втората самостојна
изложба во Концепт 37 а во јули 2021 год е дел од Мултимедијалната изложба „Белегот на времето“ во Мала станица Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откријте „Како размислуваат парите“ со новото издание на ТРИ од финансискиот експерт Никола Миланов

Финансиската дисциплина има клучна улога во успешното раководење со сопствените пари. Но луѓето најчесто постапуваат …