*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
НЕКОИ луѓе едноставно секогаш знаат мудро да управуваат со парите, без разлика на ситуацијата. Финансиските тешкотии никогаш не им изгледаат проблем, секогаш имаат план и сигурност. Можеби за тоа се заслужни ѕвездите. Луѓето кои никогаш немаат проблеми со финансиите се родени во овие хороскопски знаци.
Јарец
Ако има некој хороскопски знак кој е роден со калкулатор во рака, тоа е Јарец. Овој земјен знак е амбициозен, одговорен и сака долгорочни планови – не само во животот, туку и кога се парите во прашање. Јарците секогаш имаат финансиски план, штедна книшка, а можеби и неколку инвестиции на страна. Не трошат на непотребни работи, туку секогаш планираат за иднината. Нивната одлучност и организација им помагаат никогаш да не останат без пари. За Јарците финансиската сигурност е нешто што се гради со години, па кога ќе наидат на кризни времиња, веќе се подготвени.