Saatchi & Saatchi Скопје го освои регионот!

 

Saatchi & Saatchi Скопје, дел од Publicis Groupe Скопје и оваа година го освои CIM Forum Котор 2024. На регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Forum Котор 2024 кој се одржа од 6-9 јуни во Котор, Црна Гора, Saatchi & Saatchi Скопје освои 6 награди меѓу кои незначајните: Агенција на годината и  Кампања на годината  за кампањата Tongue twisters (Брзозборки) за Црногорски Телеком .


Покрај овие 2 награди Saatchi & Saatchi Скопје, освои  уште 4 награди во други категории:

  • Надобро лансирање на нов бренд – Saatchi & Saatchi Skopje – „Kad će prvi?“ за НЛБ Банка Подгорица
  • Најдобра интеграција на традиционални и нови медиуми – Saatchi & Saatchi Скопје – „Брзозборки“ за Црногорски Телеком
  • Најдобра кампања со ограничен буџет – Saatchi & Saatchi Скопје – „Брзозборки“ за Црногорски Телеком
  • Најдобра употреба на видео/мултимедиа – Saatchi & Saatchi Скопје – „Пројект летовање“ за Црногорски Телеком

Креативните проекти за чија реализација, Saatchi & Saatchi Скопје ја доби довербата на своите клиенти e потврда за успешната партнерска соработка и за заедничкиот успех.


“Овие награди се значаен успех за нашата агенција, потврда за креативноста и извонредноста на тимовите, кои успешно работат за клиенти и проекти надвор од границите на нашата земја, посебно во Црна Гора и земјите од Адриатик регионот”, изјави Дејан Спиркоски Креативен Директор на Saatchi & Saatchi Скопје.

Тимската работа, талентот, одличноста на агенцискиот производ и успехот на брендовите на клиентите се во фокусот на Publicis Groupe Skopje, и тоа се негува веќе повеќе од 27 години. Со континуиран напредок, иновативност во комуникациите и примената на технологии, оваа агенција е еден од креативните и комуникациски лидери во регионот, работејќи на проекти со широк опсег на комуникациски и маркетиншки специјализации, во речиси сите индустрии.


CIM Forum се одржува по трет пат во Котор и е регионален фестивал на кој се слави креативноста, иновативноста и извонредноста во областа на креативните индустрии, маркетингот, медиумите и комуникациите. На него присуствуваат истакнати имиња од областа на маркетингот, медиумите, уметноста и другите комплементарни креативни индустрии од Црна Гора и регионот.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на истакнатиот македонски историчар на уметност и публицист Димитар Ќорнаков

Проф. д-р. Димитар Ќорнаков е роден во 1927 година во Стојаково, Гевгелиско. Тој беше македонски …