Руски психолог: Должноста на родителите е да го сакаат детето, а не да го прилагодат на сопствените мерки

РУСКИОТ психолог Михал Лабовски е еден од најпознатите психолози на денешницата, според магазинот Форбс. По 30 години работа со семејствата, сфатил дека однесувањето на родителите има најголемо влијание врз развојот на детето. Затоа заклучил дека само среќните родители можат да воспитаат среќно дете.
„За детето да може да си постави добри цели и да ги постигне, му требаат родители кои со пример ќе му покажат како се прави тоа. Сакајте го вашето дете онакво како што е“, ги советува родителите.
Тој исто така забележува дека родителите никогаш не треба да ги преземаат обврските на своето дете на себе, особено кога станува збор за училиште.
„Кога добива домашна задача, детето мора да разбере дека оваа домашна задача е негова должност. Родителот може да помогне кога ќе заглави, но не и да понуди да направи се за детето“, посочува тој.

This image has an empty alt attribute; its file name is majka-i-dete-1.jpg


Неговата најважна порака до родителите е да го сакаат своето дете, но не и да го прилагодат на сопствените мерки.
„Сите тие амбиции и барања кои родителот ги поставува кон своето дете, од свои причини, се само показатели за сопственото незадоволство. Имајте на ум дека малите деца не лажат, тоа почнуваат да го прават тоа со возраста бидејќи така се научени. Не правете од детето личност која секогаш ќе зависи од другите“, вели тој.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што нè советуваат ѕвездите за утре, 17.06.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден работен ден ги очекува родените во знакот Овен за да ги завршат …