Руска лекарка: „Секоја вакцина против корона предизвикува реакција!“

„Малаксаност, замор и температура од околу 37. степени се нормални симптоми по вакцинирањето против коронавирус“, изјавила главната лекарка на руската Втора поликлиника, Наталија Шиндрјајева.
Како што рекла, секоја вакцина доведува до одредена реакција на организмот, затоа тоа е случај и со вакцината против корона.
„Неопходно е да се следи сопствената состојба по вакцинирањето. Тоа е вакцина против коронавирус. Како и по другите вакцинации, има краток период кога може да почувствувате одредена слабост, ќе се чувствувате поспани, ќе имате ниска температура од 37. степени. Не плашете се, ова е само прва реакција на организмот по приемот на вакцината“, изјавила таа.


Шиндрјајева исто така рекла дека секој што ќе ја помине вакцинацијата ќе добие хартија со упатства во кои се наведени сите можни несакани ефекти, но и упатства што да прави во случај да се појави, пренесува Спутник
„Како што обично велат нашите фармацевти – ако нема реакција на одреден лек, прашањето е дали тој воопшто е лек. Бидејќи ова е препарат кој создава имунитет, овие симптоми се нормална реакција што исчезнуваат за еден ден“, изјавила таа.



Во Русија започна масовна вакцинација на граѓани против вирусот корона. Русија денес објави црн рекорд – 28.782 новоинфицирани, што е најголем број на нови случаи на ковид-19 за еден ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Собор на Светите Седумдесет aпостоли Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали …