Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо Ило” од Скопје, вечерва, ја организира првата Меѓународна ромска поетска вечер – “РОМСКА ДУША” во општината Шуто Оризари во Скопје.
На програмата, со свои литературни творби, ќе настапат поети Роми и не-Роми од Република Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Германија, Италија, Белгија, Шведска и други.
Настанот ќе започне од 18:30 часот во средното училиште “Шаип Јусуф” во Шуто Оризари.
Влезот на настанот е бесплатен.