Среќниот добитник од Северна Каролина славел освојување на 100.000 американски долари на лотарија, но ова не било првпат да освои големи награди на истото продажно место.
Тери Сплоне од градот Конкорд купил лоз за 20 долари и добил 100.000 долари, а по оданочувањето, ќе му останат нето 70.800.
Во април 2017. година, Сплоун добил милион долари откако купи ливче за „Milioner baks”, а две години подоцна, во март 2019. година, купи грепка од наградната игра „150 милиони готовина“ и заработил уште еден милион долари.
„Ова е неверојатно. Дефинитивно е забавно да се победува“, рекол Сплоун.
Според лотаријата во Северна Каролина, Сплоун го купил добитното ливче во понеделникот.
„Тоа беше Денот на трудот. Така, тоа беше навистина убаво изненадување за мене“, рекол тој.
Тој секој добиен билет го купил на истото место, во продавницата во Конкорд, во „Мини стоп на Сем“ на Стариот пат за Шарлот.

РОДЕН ПОД СРЕЌНА ЅВЕЗДА: Трет пат добил на лотарија, секој лоз го купил на истото место
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.