Рецитал на „Ченг дуо“ во Камерната сала на Филхармонија


Во понеделник, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи „Ченг дуо” во кое свират Брајан Ченг (виолончело) и Силви Ченг (пијано). На програмата се дела од Дебиси, Равел, Де Фаља, Цинцадзе и Шостакович.

Оваа сестринско-братска врска ги освојува слушателите со својата страсна експресивност и ретка способност да воспостави блиска врска со публиката. Критичарите ги опишуваат нивните настапи како „блескави” (The Sunday Times, Велика Британија), „вистински возбудливи” (The WholeNote, Канада) и „апсолутно зачудувачки… со огромно владеење на инструментите” (Pizzicato Magazine, Луксембург). Челистот Брајан Ченг, добитник на Наградата Virginia Parker на Канадскиот уметнички совет (2023) и Prix Yves Paternot на Фестивалот Вербие (2022) и пијанистката Силви Ченг, резидентен музичар на Cecilia Concerts (2022/23) и национален уметнички стипендист на National Arts Club, свират заедно речиси целиот свој живот. По нивното официјално деби како Cheng² Duo во Карнеги Хол (Weill Recital Hall) во 2011 година, нивната уметност остави траен впечаток ширум светот, со обемни турнеи низ Северна Америка, Европа, Азија и Јужна Африка. Брајан и Силви Ченг денес стојат во првите редови на креативното музицирање. Посветени се на традиционалните ремек-дела, повторното откривање на заборавени дела, како и на промоцијата на современата музика. Од 2013 година, тие имаат нарачано и аранжирано 15 нови дела, како и реализирано концерти што ги спојуваат класичната и современата музика со џез, поезија и визуелни/медиумски уметности.


Дуото има издадено четири албуми со одлични критики, од кои најновиот, Portrait (Centrediscs, 2023), е номиниран за JUNO награда во 2024 година, во категоријата „Класичен албум на годината – Мал ансамбл”.

Родени се во Отава и Токио од кинески родители, а Брајан и Силви се горди Канаѓани кои моментално живеат во Берлин и во Њујорк.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Со години наназад Samsung Electronics ги дизајнира своите уреди според тоа што навистина им е …