Медот, оцетот и лукот прават моќен сируп.
Доколку сакате да го зајакнете имунитетот на природен, евтин и ефикасен начин, обидете се да направите сируп од мед, оцет и лук. Тој е сè попопуларен и помага во борбата против инфекциите. Покрај тоа, не предизвикува никакви несакани ефекти, а делува и во зимската сезона.
Еве рецепт за моќната напивка:
Состојки:
половина чаша јаболков оцет
половина чаша мед
6 чешниња лук
Не заборавајте да изберете висококвалитетни состојки. Само природен мед, органски јаболков оцет и домашен лук. По желба во сирупот можете да додадете сок од лимон.
Рецептот е многу едноставен. Исечете го лукот со нож. Соединете ги сите состојки заедно и измешајте темелно. Почекајте неколку часа пред да го земете за прв пат. Смесата можете да ја процедите, но подобро е да ја консумирате цела.
Сирупот треба да го чувате во фрижидер и по можност да го консумирате во рок од 3-5 дена. Како превентивна мерка се препорачува 1-2 лажички дневно. Овој природен сируп од мед, оцет и лук е безбеден и ефикасен, но ако се сомневате, најдобро е прво да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.
Фото: Архива