(Рецепт) Запечени ќофтиња во богат сос: Ручек за помалку од еден час а целото семејство ќе го обожава!


Ручек кој ќе го обожава целото семејство!
За ќофтињата:
500 г мелено месо
1 голема главичка кромид
2 чешниња лук
1 јајце
50 г лебни трошки
1 лажичка оригано
1/2 лажичка босилек
сол и бибер по вкус

За сосот од сирење:
200 мл павлака за готвење
100 г крем сирење
100 г пармезан
200 г кашкавал
1 лажичка оригано
сол и бибер по вкус
200 г моцарела
сос од домати по желба
Подготовка:
Во голем сад измешајте мелено месо, кромид, лук, јајце, лебни трошки, оригано, босилек, сол и црн пипер. Добро измешајте додека состојките не се соединат. Обликувајте ги ќофтињата. Ставете ги ќофтињата во претходно загреана рерна на 200°C и печете 15-20 минути, додека не поруменат.
Загрејте ја павлаката за готвење во тенџере на средна температура. Додадете ги сирењата, оригано, сол и црн пипер. Варете додека сирењето не се стопи и сосот не се згусне. Прелијте го сосот од сирење врз ќофтињата и додадете доматен сос по желба. Префрлете во сад за печење. Посипете со моцарела. Печете во рерна на 200°C уште 15-20 минути, или додека сирењето не добие златно-кафеава боја и не се истопи.


Совет: Наместо овие видови жолти сирења можете да користите други по ваш вкус, па и топено сирење.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Скриените фантазми“ – Ретроспективната изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија и ви го најавува претставувањето на …