РЕЦЕПТ ЗА СОЧНИ ЌОФТИЊА КОИ НЕ СЕ РАСПАЃААТ: Тајната е во една состојка

Ова е мала тајна на големите мајстори
Многу домаќинки имаат свои „цаки“ кога е во прашање подготовката на оброците, а она со што некои од нив имаат проблем е подготовка на совршени ќофтиња кои не се распаѓаат.

Ви пренесуваме совршениот рецепт, кој гарантира вкусен ручек.


Состојки:
500 гр мелено месо
1 јајце
60 гр пармезан
2 супени лажици маслиново масло
1 чешне лук
2 лажици магдонос
половина чаша презла
2 лажици млеко
сол и бибер по вкус
брашно
За сосот:
лажица масло
лажица брашно
200 мл варени домати,сос
малку кечап
лажичка шеќер
Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги меленото месо, јајцето, пармезанот, лукот, маслиновото масло, магдоносот, презлата, млекото, солта и биберот. Од смесата со месо формирајте топчиња и секое извалкајте го во брашно.
Загрејте уште малку маслиново масло во тава и пржете ги ќофтињата по 5 минути од секоја страна или додека не станат крцкави и златни. На малку масло пропржете една лажица брашно, па истурете ги доматите, додадете малку кечап и вода за малку да се разреди сосот, додадете зачини и шеќер. Зачинете по вкус.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Колагенот е одговорен за младешкиот изглед: А овие 10 намирници го имаат во изобилство, треба да ги јадете барем еднаш дневно

Зголемувањето на содржината на колаген во коските доведува до поголема цврстина и флексибилност, а со …