(Рецепт) Посни тестенини со праз


Идеја како посните тестенини да ги искористите на друг начин а притоа да имате здраво и заситно јадење.
Состојки:
350 гр посни тестенини
750 гр праз
морков
корен од целер
2 лажици ситно сечкан магдонос
150 гр домати
масло
сол
бибер.
Подготовка: Сварете ги тестенините во топла, посолена вода.
Во тава со загреано масло пропржете ги сечканите моркови, празот и коренот на целерот.
Додадете магдонос и пржете околу 5 минути.
Додадете домати, сол, бибер и измешајте.
Оставете го да се динста околу 15 минути.
Во длабок сад ставете ги исцедените тестенини и додадете ја содржината од тавата.
Украсете со магдонос и послужете.

Фото: Принтскрин/posnajela


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) ШКОТСКИ ОВОШЕН ЛЕБ СО МЕД: Совршена топла ужина

Топол, ароматичен и полн со сочно суво овошје, овој шкотски леб со мед и овошје …