(Рецепт) Посни „чупавци“


Посните „чупавци“ се секако едни од највкусните и најубавите посни колачи. Посните „чупавци“ се меки и сочни. Тоа се колачи што нема да останат долго во чинијата. Децата ги сакаат, но ниту возрасните не можат да запрат кога се овие колачи во прашање. Прилично лесно и брзо се подготвуваат, затоа посните „чупавци“ се вистинскиот избор кога сакате да се засладите во посните денови.
Состојки:
35 лажици вода
30 лажици брашно
20 лажици шеќер
25 лажици масло
кесичка и пол прашок за пециво
200 гр кокос
Состојки за глазурата:
50 гр какао во прав,
50 гр чоколадо со малку маснотии,
1 дл вода,
200 гр посен маргарин,
150 гр шеќер.
Подготовка:
Измешајте брашно и прашок за пециво, потоа додадете 20 лажици шеќер, 25 лажици масло и 35 лажици вода (соединете ги маслото и водата и потоа додадете брашно).
Се мати со миксер и се истура во подмачкана тава.
Печете 15-20 минути на 180°C (проверете со чепкалка дали тестото е печено). Треба малку да порумени.
Во тенџере загрејте мешавина од какао во прав и шеќер измешани во 1 дл вода. Кога ќе се растопи додадете чоколадо и посниот маргарин измешајте за да се изедначи масата.
Кога ќе се олади испечениот бисквит исечете го на коцки и потопете го во млаката глазура од чоколадо и какао во прав, па валкајте го во кокос.

Фото: Принтскрин/posnajela


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …