Велигденскиот пост е во тек, а иако повеќето што постат си имаат свои „менија“ до кои се придржуваат,денес ви донесуваме рецепт за посна царска пита – на вода.
Состојки:
2 чаши пченкарно брашно
2 чаши вода
1 шолја спанаќ
1/2 шолја кромид
1/2 чаша црвена пиперка
1/2 чаша пченка (по избор)
1 лажичка прашок за пециво
сол по вкус.
Подготовка: Во сад измешајте пченкарно брашно, вода, сечкан спанаќ, кромид, црвена пиперка, пченка, прашок за пециво и сол. Добро измешајте ја смесата додека не се изедначи.
Истурете ја смесата во подмачкана тава за печење.
Се пече во загреана рерна на 180°C околу 30-35 минути или додека питата не порумени и не стане крцкава.
Фото: Принтскрин/posnajela