Мусаката од зеленчук е совршена опција за ручек за време на постот, но штом ќе ја пробате, ќе ви стане омилена пред мрсната верзија.
Состојки:
Тиквички – 4 големи
Компири – 2 големи
Кромид – 2 големи главички
Црвена пиперка – 2 средни
Домати – 3 средни (или 200 мл домаи од конзерва или сос)
Лук – 3-4 чешниња
Моркови – 2 големи
Печурки – 200 гр
Вода или супа од зеленчук – 100 мл
Брашно – 2-3 лажици
Сол и бибер – по вкус
Суви зачини (мајчина душица, оригано, босилек) – по вкус
Свеж магдонос – за декорација
Подготовка:
Измијте ги тиквичките и исечете ги на тенки прстени. Измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги на тенки парчиња. Кромидот, пиперките, доматите (или излупените домати), лукот и морковот ситно исечкајте ги. Печурките исчистете ги и исечкајте ги на тенки парчиња.
Во тава пропржете го кромидот во малку вода додека не стане проѕирен. Додадете моркови, пиперки и лук и продолжете со динстањето додека зеленчукот не омекне. Додадете ги печурките и варете додека не овенат. Додадете домати или доматна паста, сол, бибер и суви зачини. Оставете да крчка додека смесата не се соедини, додавајќи малку супа од зеленчук или вода по потреба.
Во мало тенџере измешајте го брашното со 100 мл вода или супа од зеленчук. Варете на тивок оган со постојано мешање додека не се згусне. Посолете малку по вкус.
Во длабок сад за печење ставете слој од компири, па тиквички, па слој зеленчук фил. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите сите состојки, но завршете со слој тиквички. Со сосот прелијте го последниот слој тиквички.
Загрејте ја рерната на 200°C. Покријте го плехот со фолија и печете околу 45 минути. Отстранете ја фолијата и печете уште 10-15 минути додека не поруменат тиквичките одозгора. Извадете од рерна, оставете малку да се излади и исечете на парчиња. Украсете со свеж магдонос и послужете топло.
Пријатно!
Фото: Архива