(Рецепт) Подготовката е едноставна – Направете сочни чоколадни триаголници со сок од портокал: Брз и вкусен десерт за секоја прилика

Овој лесен рецепт за чоколадни триаголници е совршен за сите љубители на слатки. Комбинацијата од вкусно чоколадо, сок од портокал и крцкави бисквити ќе создаде вкусен десерт што ќе ви се допадне.
Подготовката е брза, а резултатот е неверојатно вкусен.

Состојки:
200 гр шеќер
100 мл сок од портокал
130 гр путер
300 гр мелени бисквити
300 гр чоколадо
Подготовка:
Во големо тенџере ставете ги шеќерот и сокот од портокал и варете ги на средна топлина додека шеќерот целосно не се растопи. Откако шеќерот ќе се растопи, додадете ги путерот и чоколадото. Мешајте додека не се растопи чоколадото и смесата не се изедначи.
Тргнете ја тавата од оган и додајте ги мелените бисквити. Добро измешајте да се соединат сите состојки.
Оставете ја смесата малку да се излади за полесно да се обликува во триаголник. Во меѓувреме обложете метален калап со фолија и приготвената смеса префрлете ја во калапот.
Калапот се става во фрижидер неколку часа, додека смесата не стане цврста. Откако смесата ќе се излади и стврдне, извадете ја од калапот и исечете ја на триаголници со саканата дебелина.
Ако сакате да додадете дополнителни состојки како желе бомбони или бадеми, направете го тоа откако ќе ги додадете мелените бисквити во смесата.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …