(Рецепт) Неодолива домашна пита со блитва и сирење на сосема поинаков начин

Традиционалните рецепти на малку поинаков начин се секогаш омилени во нашите домови. Затоа едвај чекаме да ја наполниме кујната со прекрасни мириси и вкусови на фина домашна пите со урда и блитва. Малку поинаква верзија на пита со сирење ќе бара од вас да го замесите тестото, а потоа да ги вклопите сирењето и блитвата во средина, па се заедно да ставите во рерна. Додека питата се пече подготвите сос од грчки јогурт и вашите омилени зачински билки, а потоа да ја послужите питата со таков кремаст и ароматичен додаток или само чаша млеко. Пред да ја ставите питата во загреана рерна, премачкајте ја со растопен путер и жолчка од јајце за да има најкрцкава кора по печењето.

This image has an empty alt attribute; its file name is domasna-pita-so-blitvai-sirenje-1.jpeg
За да го подготвите тестото ќе ви требаат:
550 гр брашно
вода
2 лажици масло
1 лажица сув квасец
За филот ви треба:
800 гр блитва
500 гр свежо сирење, урда
4 јајца
сол
1 лажица маслиново масло
4 лажици кисела павлака


This image has an empty alt attribute; its file name is domasna-pita-so-blitva-i-sirenje.jpeg
Подготовка: Измешајте ги сите состојки за тестото и добро изработете го со раце. После тоа, смесата виткајте ја во топка, префрлете во соодветен сад и покријте со проѕирна фолија, оставете на страна. Блитвата исчистете ја и измијте ја, исечете ја на ленти и ставете на кујнска хартија да се впие вишокот течност. Во тенџере загрејте го маслиновото масло и додадете ја блитвата. Се убаво зачинете со сол и измешајте и ставете на умерен оган. Пржете додека блитвата не овене, па исцедете ја и измешајте со урдата, јајцата и павлаката. Поделете го тестото на половина и двете половини расукајте ги на еднакви делови. Еден дел од тестото ставете го на дното на калапот што прво ќе го намачкате со путер. Врз основата на тестото ставете го филот од сирење, павлака, јајца и блитва. Покријте со другото тесто. Направете дупки на површината. Намачкајте со растопен путер и жолчка. Печете на 200 степени околу 45. минути или додека не порумени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈАВА ЗА МНОГУ НИСКИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Од овој петок разведрување, наутро температури и под -10 степени!

Метео прогноза на Славчо Попоски Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме …