Направете домашен и ефтин лосион кој ги брише флеките од лицето.
Состојки:
100 мл сок од лимон
2 лажички магдонос
150 мл дестилирана вода
50 мл 70 – процентен алкохол
Подготовка:листовите магдонос иситнете ги и ставете во тегла со капак, полијте со алкохолот и дестилираната вода. Убаво протресете, затворете и префрлете преку ноќ во фрижидер.
Утредента исцедете ја течноста и додајте го сокот од лимон. Лосионот чувајте го во темно шишенце во фрижидер. Лосионот нанесувајте го еднаш до два пати дневно (наутро и навечер) на чиста кожа. после еден или два часа можете да се измиете но не е неопходно.
Доколку имате сува кожа, направете лосион без алкохол:
25 г магдонос
200 мл вода
300 мл минерална вода
Подготовка: магдоносот варете го во 200 мл вода, оставете да се излади во затворен сад, а потоа откријте и оставете уште 30. минути. Исцедете и додајте минерална вода. Чувајте на ладно место во темно шишенце.