Овие кокосови топчиња се вистинско уживање за сите љубители на кремасти, а воедно и освежителни десерти. Комбинацијата од бело чоколадо, кора од лимон и крцкав кокос ги прави неодоливи.
Тие се подготвуваат брзо и лесно, а нивната богата текстура и вкусови сигурно ќе ги задоволат дури и најпребирливите гурмани.
Состојки:
130 г слатка павлака
250 г бело чоколадо
1 лажица рендана кора од лимон
50 г кокос за смесата
100 г кокос за обложување на топчињата
Подготовка:
Загрејте ја слатката павлака на тивок оган, а потоа додадете го белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото целосно не се растопи и смесата не стане мазна.
Изладете ја подготвената смеса на собна температура. Кога ќе се олади, блендирајте додека не стане кремасто. Потоа додадете кора од лимон и 50 г кокос, добро измешајте.
Од смесата формирајте мали топчиња и прелијте ги со преостанатите 100 г кокос.
Откако ќе ги обликувате топчињата и обложете ги со кокос, ставете ги во фрижидер да се изладат и стврднат. Времето на ладење варира, но обично 1-2 часа е доволно за топчињата да ја достигнат саканата цврстина.
Откако ќе се изладат, вашите кокосови топчиња со бело чоколадо и кора од лимон се подготвени за уживање!
Фото: Приватна архива