Оваа домашна мешавина комбинира две добро познати состојки од оставата: сиров лук и мед
Оваа слатка и зачинета мешавина многумина ја сметаат за природен еликсир на здравјето.
Процесот на подготовка на ферментиран лук во мед е едноставен, а чекорите се следни:
Ставете го сировиот лук во тегла, покријте го со мед и чувајте го на ладно место да ферментира.
Секој втор ден, теглата треба да се преврти наопаку за целиот лук да се покрие со мед.
Трансформацијата започнува кога соковите од лук се мешаат со мед, при што двете компоненти се разградуваат хемиски.
Медот е познат по своите смирувачки и антиинфламаторни својства. Со други зборови, може да помогне да се намали производството на слуз, да се ублажи кашлицата и да се смират болките во грлото.
Медот има антибактериски својства кои можат да ги намалат бактериите кои предизвикуваат болки во грлото. Лукот, од друга страна, е богат со алицин, органско соединение поврзано со неговите здравствени придобивки. Лукот помага во зајакнувањето на имунитетот, антиинфламаторно е и помага во одржување на доброто здравје на срцето.
Фото: Архива