(Рецепт) Компири со печурки за пост на вода и со масло


Компирите со печурки за пост со масло се идеални како главно јадење или прилог и брзо се прават.
Састојки:
350 гр печурки
500 гр компири
1 главичка кромид
2 чешниња лук
30 мл вода
1/4 врзоп копар
1/4 лажичка бибер
1/2 лажичка сол
Подготовка:
За да ги подготвите компирите, варете ги во солена вода 10 минути. Потоа исечете го на тенки парчиња. На врело масло пржете ги печурките 10 минути на умерен оган. Потоа извадете ги.
Во истото тавче загрејте уште малку масло, па пржете ги компирите 10 минути на средна температура, додавајќи ситно сечкан кромид и лук. На крај додадете ги пржените печурки и копарот. Промешајте и оставете 3 минути за да се соединат вкусовите. Послужете како предјадење или прилог.

Направете го ова јадење во варијанта за пост на вода:
Наместо да пржите на масло, само динстајте на вода и додајте зачини по желба. Ќе имате совршен оброк за пост на вода.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …