(Рецепт) Искористете ги јајцата што останале од Велигден, додадете грашок и направете ја најдобрата салата


Најдобрата салата можете да ја направите од јајцата кои ви останале од Велигден, со додавање на грашок, сирење и мајонез.
Состојки:
400 гр грашок, сварен и исцеден
3 тврдо варени јајца, сецкани
180 гр чедар сирење или друго жолто сирење
160 гр мајонез
120 гр кромид, сецкан
сол и мелен црн пипер по вкус
Подготовка:
За да ја направите оваа салата, прво сварете го грашокот, процедете го и оставете го да се излади.
Потоа во сад измешајте ги грашокот, тврдо варените јајца, коцките сирење, мајонезот и кромидот, па зачинете со сол и бибер по вкус. Уживајте!


Зошто е корисно да се јаде грашок?
Грашокот е одличен растителен извор на протеини, богат е со влакна, па многу позитивно влијае на здравјето на дигестивниот тракт. Богат е со витамини К и Ц, како и витамини од Б комплексот.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …