(РЕЦЕПТ) БАНАНА И МЕД: Комбинација која решава ТРИ проблеми

Мешавината од банана и мед многу успешно делува при болки во грлото, стомачни болки и кашлица
Понекогаш не сакаме да пробаме природен лек затоа што често ни изгледа како нешто крајно невкусно. Мешавината од банана и мед, освен што ќе ви помогне при стомачни проблеми, кашлица и болки во грлото, сигурно ќе ги задоволи вашите сетила.
Потребни состојки:
– две лажички мед
– две средно големи банани со црни дамки
– 400 мл зовриена вода

This image has an empty alt attribute; its file name is banana-i-med.jpg
Подготовка:
Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или лажица. Добро би било тоа да го правите со дрвен прибор за јадење, бидејќи поради металот ќе потемни. Потоа ставете ги бананите во тенџере и додадете зовриена вода во нив. Оставете да кисне околу половина час. Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Важно е да го додадете на крајот, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги изгуби лековитите својства.
Примена:
Пијте 100 милилитри од овој напиток четири пати на ден. Количината на состојки од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Првите резултати ќе ги почувствувате за пет дена!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот праведен и многустрадален Јов

Светиот праведен и многустрадален Јов Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во …