РЕТРОСПЕКТИВА – изложба на Даме Затуровски


На претстојната изложба насловена „Ретроспеткива” која ќе се одржи на Илинден, 2 август во Центарот за култура во Струга, ликовниот уметник Даме Затуровски пред публиката ќе се претстави со своето декади долго и плодно творештво со околу седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники. Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната Струга.

Даме Затуровски е член на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1993 година. Дипломиран правник. Зад себе има преку 11 самостојни изложби. Учесник е на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и надвор. Познат е и по изработката на макети на стари бродови и верски објекти, чии фотографии исто така ќе бидат изложени.


Отварањето на изложбата е во 20.30 часот во фоајето на центарот за култура, а за посета предвидени попладневни термини од 19.00 часот во текот на следната недела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охридски „Зелен Град“ го претстави уникатното Охридско кајче со фотоволтаични панели и електичен мотор на Меѓународниот саем за Наутика во Белград

ЕКО Здружението „Зелен Град” од Охрид имаше забележително учество на Меѓународниот саем за Наутика во …