Реконструирана улицата Рузвелтова

Екипи на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“, на потегот од булевар „Илинден“ до булеварот „Партизански одреди“. Оваа значајна сообраќајница е обновена на површина од 7350 м2 и во должина од 600 метри, со што се овозможува зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој
дел од градот.
Градежните активности за реконструкција на улицата Рузвелтова завршија пред предвиденот рок за завршување на истиот, а овој начин на реализација на новите градските инфраструктурни проекти, системски со претходно елиминирање на детектирани недостатоци, ќе резултира со брзо, навремено и квалитетно
изведување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како да ги поминете празниците без вишок килограми?

Во потрага сте по хранлив заменски оброк за управување со тежината? Брзото темпо на современиот …