Reflections е новата љубовна приказна на Yon Idy


24.6.2024, Скопје – По успехот на Walk Away, младиот кантавтор Yon Idy го објави најновиот сингл, Reflections, песна за измешаните емоции кога љубовната врска е прекината. Yon ја напишал како писмо до својата сакана и вели дека овој сингл му е омилен до сега.

„Понекогаш сфаќаме дека врската не треба да продолжи, иако емоциите се сè уште присутни. Изборот е тежок, а уште потешка е одговорноста што ја имаме кон другата личност и одлуката на кој начин си заминуваме. Се кршиме одвнатре кога сфаќаме дека мора да се случи крајот. Колку подолго трае, толку е помачно. Reflections ја напишав како писмо за тоа како се чувстував тогаш и морав да ги споделам мислите и чувствата со другата личност, но и да ги признаам пред себе”, вели Yon.


Како комплетен автор на своите песни, Yon секогаш пишува од срце и се надева дека неговата публика се препознава во неговите стихови. „Олеснува кога ќе ги слушнеш своите мисли и кога ќе ги преточиш емоциите во музика. Така знам дека ќе допрат до другите, па можеби и ќе охрабрат некого да излезе од својата комфор зона”, вели Yon.


Обожователите на Yon може да очекуваат албум до крајот на летово и тоа ќе биде заокружување на една етапа од неговата кариера како кантавтор. Странските радија ги емитуваат неговите песни, а многумина велат дека потсеќа на странски музичар со впечатлив вокал. Овие карактеристики се причина за соработка и со странски продуцентски студиа за што допрва ќе слушнеме.

Синглот „Reflections” e достапен на сите музички платформи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Роберт де Ниро, додека ја примал Златната палма во Кан, го прозвал Трамп: „Тој е лицемерен претседател“

Филмскиот фестивал во Кан започна синоќа, а по тој повод Златната палма му беше врачена …