РЕДОВНО КОНЗУМИРАЈТЕ ГИ – Овие намирници се најдобри за здравјето на мозокот

Храната што ја јадете може да има значително влијание врз способноста на нашиот мозок да функционира добро, па дури и да развие нови мозочни клетки.
Неврологот др. Роберт Лав, кој е специјализиран за помагање на луѓето да ја спречат Алцхајмеровата болест преку научни истражувања и практични совети за исхрана, открил дека храната што ја јадеме влијае на здравјето на мозокот.

Тој ја истакнал важноста на одредени намирници кои се особено корисни за когнитивното здравје. Еве кои ги издвоил и зошто.


Сардини


Сардините се преполни со хранливи материи неопходни за здравјето на мозокот.
„Сардините се здрава, масна риба богата со омега-3 масни киселини“, вели др. Лав.
Јадењето здрави масти, како оние што се наоѓаат во сардината, му ги обезбедува на мозокот потребните материјали за поправка и раст на нови мозочни клетки.


Кисела зелка


Киселата зелка може да биде изненадување за многумина, но нуди значителни придобивки за здравјето на мозокот преку врската помеѓу цревата и мозокот. “Киселата зелка е одлична за вашиот мозок. Не мора да го стимулира растот на мозочните клетки, но придонесува за развој на добри бактерии во цревата”, објаснува тој.


Харинга


Уште една риба која др. Лав силно препорачува е харингата.
Харингата е една од здравите масни риби, мала е и има малку жива“, истакнува тој.
Слично на сардините, харингата е богата со здрави масти кои ги обезбедуваат клучните супстанции потребни за создавање на нови мозочни клетки. Исто така, покрај тоа што е богата со омега-3 масни киселини, харингата е вкусен и разновиден додаток на храна.

На крајот на краиштата, вклучувањето на овие намирници во вашата исхрана може значително да влијае на здравјето на мозокот и когнитивната функција, особено како што старееме.

Фoтo: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …