Ребека: Изгледа дојде време да ја тужиме државата

Ребека Јанковска Ристески е жената која често укажува на потребите на децата со одреден хедикеп. Таа овојпат напиша:

Изгледа дојде време да ја тужиме државата!!! Тоа ни остана
Ирена од Битола ме бараше. Може ли да ти се јави мајката на момчето кое пред некое време го примија на психијатрија, на клиника од што немаше каде😪😪😪
Се слушнав со жената. Беше избезумена, исплашена и во очај зборуваше за својот син кој е врсник на мојот😪Што да правиме Ребека? И велам , ќе се борите! Ме послуша!🙏
ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ НЕ СЕ ЗА ВО ПСИХИЈАТРИСКА УСТАНОВА!??? НА НИВ ИМ ТРЕБА ГРИЖА,ЉУБОВ, СЕНЗОРНИ СОБИ, БАЗЕН, СТРУЧНО ЛИЦА, ДВОРНО МЕСТО, ИГРАЛИШТА, УЧЕЊЕ НА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ, КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ И АНИМАЦИЈА!!! ДОКОЛКУ ИМААТ СООДВЕТНИ ТРЕТМАНИ И УСЛОВИ, ТИЕ ЌЕ СЕ СОСЕМА ПОИНАКВИ!
ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ВО СРЕДНОТО СПЕЦИЈАЛНО УЧИЛИШТЕ СВ.НАУМ НЕМА НЕГУВАТЕЛ, НЕМА АСИСТЕНЦИЈА, МЕДИЦИНСКА СЕСТРА…ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ТАМУ ИМА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ КОИ НЕ ПО ВТОР ПАТ ТУКУ ПО ТРЕТ ПАТ ОДАТ ВО СРЕДНО ЗА ДА ИМААТ НЕКАКВА АКТИВНОСТ И ИЗЛЕЗАТ ОД ДОМА!?ФАЛА МУ НА БОГА ЗА ПРЕКРАСНИОТ НАСТАВЕН КАДАР ТАМУ НА КОЈ ТРЕБА ДУПЛО ОД ТИЕ ПЛАТИ КОИ ГИ ДОБИВААТ ДА ИМ ДАДЕТЕ! ПОМИНЕТЕ ОД ТАМУ И ВО ДВОРОТ ЌЕ ВИДИТЕ КАКО СЕДАТ МАЈКИ И ТАТКОВЦИ И ГИ ПАЗАТ СВОИТЕ ДЕЦА ДА НЕ ИЗЛЕЗАТ НА УЛИЦА ИЛИ ПАК ДА БИДАТ ТУКА АКО ИМ СЕ ОДИ ВО ТОАЛЕТ!?
До кога мислите да мижите?!
Дали знаете дека повеќе од пола деца со попреченост се само формално запишани во основно или средно училиште затоа што законски мораат да завршат основно и средно, а за нив нема услови!?(Ова го кажав и во влада, во свечената сала, на дискусијата за националната стратегија за лицата со попреченост)). Да и им кажав дека ништо не им верувам)
Дали знаете колку братчиња и сестричиња страдаат поради тоа? Колку деца и родители немаат нормален живот?
Како не ви е срам под изговор дека правите инклузивна средина не ставате на најголеми маки!? Слугувате на странски идеологии кога ви одговара и поддржувате и она што не треба да се подржи. Згради правите, а за центри нема место. Општините и оваа земја е и наша исто кплку што е и ваша!!!
Асистенти нема. Оваа година десетици родители ми се јавија во потрага по асистенти! И Маркијан нема😪
Дневни центри не отворивте! Центри за поддршка нема! Регионален центае за едукација, рехабилитација нема!! Доста пишувавте, фатете се за работа и едните и другите!!!
Како не ви е срам😨


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (трет ден)

Новозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух …