РАЗЛАДЕТЕ СЕ ВЕДНАШ И СЕГА: Инстант совети како да ја намалите температурата


Сигурно се прашувате како веднаш да се разладите. Температурата скока, најавен е црвен метео аларм, а ние имаме инстант совети за намалување на температурата.
Како да се разладите е прашањето кое сигурно си го поставувате денес. Според најавите на УХМР, се предвидуваат 40 степени, а екстремните горештини претставуваат сериозен ризик по здравјето, особено за чувствителните групи, и тоа малите деца, трудниците, старите лица, дебели лица и хронично болните. Телото не треба да биде премногу жешко предолго бидејќи може да му наштети на мозокот и другите органи, советува американскиот национален институт за здравје, пренесува Си-Ен-Ен.

Потењето е природен систем за ладење на телото, но кога тоа не е доволно, постои зголемен ризик од развој на хипертермија – чии знаци вклучуваат топлински грчеви, топлотен едем и топлотен удар. Топлината во комбинација со високата влажност го зголемува тој ризик, бидејќи нивото на заситеност на воздухот предизвикува потта да се акумулира на кожата и го спречува телото да се лади природно. И без разлика дали поднесувате екстремна топлина добро или лошо, без разлика дали сте во климатизиран простор или мразите климатизација, постојат начини да се разладите и да се чувствувате удобно без климатизација. Можете исто така да се разладите со користење на некои основни познавања за тоа како да ги контролирате температурите. А деновиве можевте да прочитате препораки како да го разладите телото и домот кога се вклучени воздухот и асфалтот.
Кои се примарни?


Хидратација!
Прво и основно правило: хидратација, хидратација, хидратација. Не излегувајте од дома без шише вода, а ако можете носете ја во торба за ладење или термос, сега ги има многу на пазарот и не се прескапи.
Хидратацијата е првиот и најважен чекор во разладувањето. „Температурата на водата не е важна затоа што вашето тело ќе ја загрее. Ако вашето тело страда од топлина и треба да се олади, тоа не може да го направи без доволно влага бидејќи телото се лади со потење“, вели Вендел Портер, почесен предавач по земјоделско и биолошко инженерство од Универзитетот во Флорида.


Основна опрема за надвор
– Носете шешир или капа.
– Носете очила.
– Носете лесна облека од природни материјали.
– Прскалка со вода или некоја фина течност.
– Набавете пренослив вентилатор за вратот на батерии.
– Температурата во затворено не смее да надминува 30 степени

Разладете ги собите во кои престојувате, особено ако има деца, бремени жени, луѓе над 60 години и луѓе со хронични здравствени проблеми – температурата во куќата не треба да надминува 30 ⁰C во текот на денот или 24 ⁰C навечер.


Останете во најстудената соба
Останете во најстудената просторија на вашиот стан или куќа, особено ноќе.

Отворете ги ширум прозорците ноќе
Користете го посвежиот ноќен воздух за да го разладите вашиот дом. Доколку е излади просторот.

Спуштете ги ролетните на сончевата страна
Намалете ја количината на топол воздух што влегува во вашиот дом. Поставете ролетни, завеси или тенди на прозорците кои се изложени на сонце во текот на денот.

Влажни крпи
Можете да ставите влажни крпи низ просторијата, но тоа ја зголемува влажноста на воздухот.

Климата никогаш да не е на помалку од 7 степени
Доколку имате клима, затворете ги вратите и прозорците за да не трошите повеќе енергија отколку што е потребно. Прилагодете ја температурата така што да не биде пониска од 7 ˚C во споредба со надворешната.

Исклучете ги светлата и апаратите што не ги користите
Сијалиците и многу електрични уреди дополнително ослободуваат топлина и го загреваат околниот воздух, исклучете ги сите оние уреди што не ги користите. Заменете ги обичните светилки со LED светилки.

Фoтo: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ѕвездата од серијата „Белиот лотос“ открила дека имала тешко детство поради нејзиниот татко: „Минавме низ пекол“

Мајкл Вуд, таткото на познатата британска актерка Ејми Лу Вуд, за прв пат јавно проговорил …