Во четврток, на 22 февруари 2024 година, со почеток во 19:00 часот во книжарницата „Три“ во ГТЦ, ќе имате неповторлива можност да разговарате со авторката на „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, и да си го препознаете својот идентитет.
На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева, а добредојдено е и вашето учество.
За влез не е задолжително поседување на личен документ за идентификација. Доволни се само вашите вистински лица, се вели во објавата од организаторот на овој настан Издавачкиот центар ТРИ.