Распишан конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца. Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 21.2.2024 ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com . Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири во состав Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимоски и Дијана Петрова.

Минатата година наградите ги добија: прво место, Пандалф Вулкански со песната „Алиса се кара со Белиот Зајак и со неговата Тава“, второ место Соња Манасиевска Конеска за „ЖАБЕШКИ ХОР“ и трето место Зоран Јакимовски за „ШТУРЕЦОТ И МРАВКАТА“. Песните можете да ги прочитате во шестиот број на книжевното електронско списание „(е)Лит“.


Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид.

Повеќе детали во врска со конкурсот можат да се прочитаат на фејсбук-страницата на „Креативна верига“ (клик овде).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на …