Распишан конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде”

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига” –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде” за најдобра песна за деца. Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 20.2.202година ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com . Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири чии членови ќе останат анонимни до истекување на конкурсот.

Минатата година наградите ги добија: прво место, Сузана Ѓорѓиевска  со песната „Песна за една врана ненаспана”,второ место Јана Сиљаноска за „Оглас на инстаграм”и трето место Слаѓана Ставрева за „Сватови зеленчуковци”.


Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Колагенот е одговорен за младешкиот изглед: А овие 10 намирници го имаат во изобилство, треба да ги јадете барем еднаш дневно

Зголемувањето на содржината на колаген во коските доведува до поголема цврстина и флексибилност, а со …