РАМПАРАРАМИЗИРАЊЕ, концерт на СУПЕРХИКС во Скопје!

НеповторливитеСуперхикс се подготвува целосно да го освежат Скопје на 15 декември 2017 во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во 20:30 часот.

„РамПаРаРам е стихот кој последнава година најчесто го слушаме. Во кола, по дома, на ТВ, од фрижидер, во комшии, на пиво, во диско, насекаде. А 15 декември е денот кој ќе му даде боја на секојдневното сивило, 15 декември е денот за РАМПАРАРАМИЗИРАЊЕ и најновото концертно шоу на Вашиот омилен бенд!!!“, велат од Суперхикс.Тие додаваат декаим претставува искрено задоволство тоа што на концертот ќе настапат Визија, еден од најдобрите рок млади македонски рок состави.


Суперхикс и пријателите ќе приредат повеќечасовен музички и визуелен спектакл.

Забавата започнува во петок, 15 декември 2017, во малата сала на ВИП Арената „Борис Трајковски“ во 20:30 часот, а вратите за посетителите ќе бидат отворени во 19:30 часот. Влезниците може да се најдат во Југотон (ГТЦ) и online на www.jugoton.com.mk.


Првите 500. влезници по цена од 400. денари се веќе распродадени. Остануваат влезниците од 500 денари, а на самиот концерт ќе бидат 600. денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Холестеролот не скока од сланината и јајцата, туку од овие 2 работи што секој ги консумира редовно: ГО УНИШТУВААТ ЦРНИОТ ДРОБ и таложат масти

Холестеролот и замастен црн дроб се вообичаени здравствени проблеми денес. Сепак, колку и да зборуваме …