Радовиш ќе добие современ мултифункционален центар и музеј


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и со градоначалникот Ацо Ристов, вчера во Радовиш присуствуваше на почнувањето на работите за реконструкција и пренамена на објектот на поранешната „Стоковна куќа“ во мултифункционален центар и музеј во овој град.

„Станува збор за проект од програмата на Владата за поддршка на инфраструктурни проекти од областа на културата во Радовиш, кој ќе се одвива во две фази. За таа цел, од страна на локалната самоуправа е изработена комплетната техничка документација, а е потпишан и договор за реализација на првата фаза.


Со реализацијата на проектот, некогашниот архитектонски симбол на градот ќе стане место каде што ќе се реализираат многубројни културни и уметнички содржини, додека во музејот, пак, ќе бидат презентирани артефакти кои ќе го промовираат културното наследство на овој крај“, рече во изјавата за медиумите министерот Љутков

Според Љутков, отворањето на мултифункционалниот центар и музејот е од особено значење за збогатување на културниот живот во Радовиш, како и за развојот на туризмот во овој дел од земјава.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот игран филм „Лена и Владимир“ освои две награди на Филмскиот Фестивал во Веро Бич

Македонскиот игран филм „Лена и Владимир” ги освои наградите на ЖИРИТО и на ПУБЛИКАТА за …