Во паркот Македонија во Општина Кисела Вода (до дом на култура “Билјана Беличанец”), се одржува третото издание на Фестивалот на инклузија. И денес не очекува богата програма, а вие сте добредојдени, затоа што само љубовта, колку повеќе ја даваш толку повеќе ја имаш.
Програма:
Од 9:00 – 11:00 часот – Работилница Од отпад до украс – дојдете да правиме фигури и украси
Од 9:00 – 11: 00 часот – Работилница Ние сме супер-херои – правиме детски наметки
Од 18:00 – 22:00 часот – Испробај се – кошарка во колички
Од 19:00 – 21:00 часот – Филмски проекции. Дојдете, ужувајте и инспирирајте се со одлична селекција на меѓународни филмови со инспиративна содржина и моќни ликови. Селекцијата на проекции е направена од „Икуалити“ и „Ухвати филм“ од Нови Сад, Србија, чиј меѓународен фестивал е најпознат во регионот и од најпознатите во светот за филмови со длабоки, општествено-релевантни кратки, анимирани, долгометражни и документарни филмови. Оваа соработка ни е посебно драга.
Од 21:00 часот – ќе уживате во музичката програма со Зарина Првасевда и Дина Јашари.
Ве очекуваме!