Од денес до среда ќе се одржат нови интересни работилници на кои ќе се изработуваат мета колажи во рамки на фестивалот ОМНУБУСТОПИЈА 6. Резервирајте ги понеделник, вторник и среда за масажа на вашите нервни завршетоци и мета колажирање. Зошто мета? Затоа што се започна минатата година на истото место, во виртуелниот автобус на ОМНИБУСТОПИЈА и не застана, продолжи понатаму се додека не ги обедини и најпицајзлите во феноменот на „Ненаситни“ кој со свои изложби и книга во сито печат патуваше во Белград, Загреб и низ Скопје. Процесот кој започна во Април 2023 и за кој сите би помислиле дека досега требаше да спласне, повторно не „пали“! Што на крајот, ако не продолжиме понатаму? Ако ние можеме да се здробиме, зошто да не ја дадеме истата шанса на нашите колажи?
Затоа ве покануваме ЗАЕДНО да ги споиме ножиците и страста и да продолжиме понатаму во кроење на нашата непоколебливост и ре-креативност! Со сечење и лепење на принтови од колажите на „Ненаситни“ го отвараме процесот на мета колажирање. Придружете ни се на тродневна работилница за колажирање на новите дела во базата на „Партизанска Штампа“, се вели во објавата од организаторот.
Понеделник 19 – 21 часот
Вторник 20/30 – 22/30 часот
Среда 19 – 21 часот
Работилницата е на тема „Култура на демократија: како демократските вештини се рефлектираат врз креативниот процес на создавање уметнички дела“ (изработка на сито печат колажи). Работилницата ќе ја водат Билјана Димитрова, Милош Стојановиќ од „Партизанска штампа“ во соработка со гураторите Јана Деловска и Дамјан Илиќ (кој го направи и каверот колаж за овој евент) и останатата чета која беше дел од „Ненаситните“ односно Јелена Белиќ, Стефан Алијевиќ, Јован Гаковски. За работилницата може да се пријавувате на следниов и-мејл: partizanprint@gmail.com.