Работилница за фрактална и блекаут поезија

Книжевен клуб – Куманово, во соработка со Драгица Стаменковиќ – психолог и психотерапевт (Дпсихотерапија) и општинскиот младински центар MultiКулти, при ЦИД – Куманово, организира Работилница за фрактална и блекаут поезија.

Работилницата се состои од два дела: теориски и практичен. Ќе биде модерирана од страна на м-р Драгица Стаменковиќ и Јована Лазаревска. Тие ќе ве запознаат со термините „фрактална поезија“ и „блекаут поезија“, ќе ви објаснат како таквиот литературно – креативен начин на изразување помага на вашето ментално здравје, а подоцна ќе имате можност и да креирате нешто свое.


Работилницата ќе се одржи на 27 август, со почеток во 19:00 часот, во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …